Парондо: Им реков играјте како да е плус два за нас

од desk2
205 прегледи

 

Вардаровиот тренер Роберто Гарсија Парондо го однесе Вардар во финалето на својот дебитантски настап на Ф4 во Келн во Лигата на шампионите, а сепак по мечот делуваше толку мирно, толку сталожено, што е дури неверојатно.

„Многу сум среќен и горд на моите играчи. Го победивме најдобриот тим сезоната и сме во финалето“, истакна Шпанецот, а потоа продолжи „Тешко беше да им објаснам на играчите на полувремето дека сум среќен со тоа што го играат. Имавме седум негатива, но им реков дека треба да мислат како да водиме со два гола разлика. Дека само е потребно да ги намалиме грешките и да се смириме. Играчите веруваа во мене, веруваа во себе и беа фантастични…/Sport media