Партнерот на покојниот пејач Џорџ Мајкл, Фади Фавац, се жали дека тешко живее откако умрел неговиот партнер.

„Вистина е дека немам ни паричка во џебот. Немам ни за вода ни за млеко. Човекот кого го сакав најмногу на светот почина пред шест месеци, а денеска јас гладувам. Како да не ми е доволно што злобните јазици ме обвинуваат за неговата смрт, уште морам и да размислувам дали ќе можам да си купам оброк“, напиша Фади на Twitter.
„Не моќам да му однесам ни цвеќе на гробот. Му беше роденден, а не му запалив ни свеќа. Немав со што да ја купам“, вели Фади, а пренесува The Mirror.
Фади вели дека таблоидите му нудат милиони за да ја раскаже својата животна приказна, но тоа не сака да го направи од почит кон својот партнер.