„Патиштата се различни, целта е една“, протестен марш на ССМ

од desk2

Под мотото „Патиштата се различни, целта е една“ денеска пред зградата на Сојузот на синдикати на Македонија почна протестниот марш по повод одбележувањето на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот којшто се слави во чест и сеќавање на борбата на работниците за унапредување на нивните права.

 


– Ве повикувам сите да маршираме достоинствено до Собранието и Владата каде ќе ги предадеме 15 синдикални барања, изјави на почетокот на протесниот марш претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Дарко Димовски.

Учесниците на протестот од пред зградата на ССМ се упатија кон македонското Собрание од каде ќе маршираат кон Владата на Република Македонија, каде ќе бидат испорачани синдикалните барања за подобар закон за работни односи, регрес за годишен одмор за сите работници и подобар општ колективен договор за приватниот и јавниот сектор.
Учесниците на протесниот марш носат пароли „Во Европа без плати и придонеси“, „Регрес за годишен одмор за сите“,…

Синдикалниците ќе кажат и стоп за мобингот и за зголемувањето на старосната граница за пензионирање. На протесниот марш на ССМ е присутно полициско обезбедување.
Првомајскиот марш се поклопува и со 110-годишнината од синдикалното движење и организирање во Македонија
Неколку години наназад, почнувајќи од 2010 година, ССМ со претходното раководство го одбележуваше 1 Мај со кампањи за одредени области од заштитата на работничките права и како резултат на тоа беа иницирани и донесени неколку законски решенија како што беа Законот за мобинг, измените на Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за минимална плата.

Слични содржини