Патот кон Ресен и Битола затрупан со снег

од desk2
204 прегледи

Овој пат не е добро исчистен и речиси невозможно е да процените каде се движите.

Вистински хорор е патот кон планинскиот превој „Буково“ и понатаму кон Ресен и Битола. Коловозот утрово беше прекриен со дебеле покривка од снег и едвај се распознаваа коловозните ленти. Камиони и возила тешко се движеа, патот е лизгав а возилата зализгуваат на страна. Утрово, наши читатели ни испратија слики од „патот“, револтирано прашуваат каде е „Македонија пат“, пишува Охрид Нет.


Инаку, по денешниот нов снежен бран, отежнат е сообраќајот во земјава и има забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци. На дел од патиштата видливоста е намалена, а воведена е и забрана за камиони и тешки товарни возила на патните правци Тетово-Попова Шапка, Маврови Анови – Дебар и преку планинскиот превој Стража. На Меѓународниот аеродорм Скопје предвидените полетувања и слетувања се реализираат според предвидениот возен ред/ Охрид нет