Пациентите на кои им било трансплантирано срце од лица позитивни на ковид успешно се опоравуваат

од Stefanija Kuzmanovska

Две италијански болници се први во светот кои вршат трансплантација на срце, а починатите донатори биле позитивни на коронавирусот.

Првата трансплантација се случила на крајот на април на 64-годишен маж во Болоња, а втората на 15-годишно момче во Рим, и никој од новите приматели на срце, по интервенцијата, не бил заразен со корона.

– Двете трансплантации уследија – објаснува директорот на Националниот центар за трансплантација Масимо Кардило – поради сериозноста на клиничката состојба на пациентите, што ги поттикна медицинските тимови во болниците „Сант Орсоли“ од Болоња и „Бамбин Гесу“ од Рим да побараат одобрение за трансплантација, иако лицата биле без антитела. Ја зедовме предвид состојбата и на пациентите и ризикот од смрт, односно еволуцијата на сериозна болест и проценивме дека може да биде поголема од пренесувањето на патологијата од донаторите. Пациентите се чувствуваат добро и веќе се вратија дома.

Ова е прв случај на меѓународно ниво кој започна со активирање за такви можности во декември 2020 година и оттогаш во Италија, покрај овие две трансплантации, извршени се уште 17 трансплантации на црн дроб од пациенти кои имале Ковид и ниту еден примател не се заразил по операцијата . Овој експеримент се покажа како многу успешен и се изведува во осум италијански болници (во Торино, Болоња, Милано, Бари и во три римски болници).

Слични содржини