Пејачката Калиопи сподели тажна вест со своите следбеници на Инстаграм.

Имено, почина нејзиниот татко, од кого таа се прости со емотивна објава.

„Тато мој… Моја сила, светлост, сјај… Замина и со себе однесе дел од малечката Опи… Патувај кон светлината и биди сигурен дека во моето име врежано е и твоето, засекогаш…“, напиша таа под нивна заедничка фотографија.

Коментарите вклучуваа пораки со поддршка за пејачката и сочувство.

Слични содржини