Патувате во Грција? Бидете внимателни – еве колкави се казните за сообраќајни прекршоци

од Nikola Popovski
604 прегледи

И ова лето голем број граѓани на Македонија со автомобили ќе се упатат на море во Грција. Како и другите земји од ЕУ, и Грција е ригорозна кога се во прашање сообраќајните прекршоци, па на оние кои патуваат во таа земја им се советува да ги почитуваат сообраќајните прописи, пред се заради сопствена безбедност, но и за да немаат главоболка кога ќе бидат запрени од страна на полицијата поради прекршок.

Како што објави сајтот „nikana.gr“ која туристите ја користат како сигурен водич за летување во таа земја, доколку казната за сообраќаен прекршок се уште не е евидентирана и информацијата за истата е испратена на граничните премини, тоа не значи дека сте се спасиле од плаќање.

„Грците не можат да ја испратат казната на домашна адреса, но следниот пат кога ќе влезете во Грција, доколку казната не е истечена, таа се уште е во системот и нема да ви биде простено, па оттаму ќе треба да ја платите. Дополнително, постои регистар на сообраќајни прекршоци во ЕУ, а голема е веројатноста дека казната ќе биде наплатена веднаш штом ќе влезете во земја од ЕУ, секаде каде што прекршокот е направен во рамките на ЕУ“, пишува на „nikana.gr“.

Колкави се казните за одредени прекршоци?

Возење под дејство на алкохол 78 – 1.200 евра

Брзината до 20 км/ч во населено место е 100 евра

Поминување на црвено светло на семафор и претекнување преку полна линија чини 700 евра

Неносење појас – 350 евра

Непрописно паркирање, казната е од 40 до 80 евра

Користење на мобилен телефон додека возите – 100 евра

Дневните светла се потребни само кога видливоста е слаба во тунел

Пушењето во возило доколку во него има дете под 12 години изнесува казна 1.500 евра со одземање на возачката дозвола.

Слични содржини