Пехчевци и валандовци се безбедни – нема активни „корона-бомби“

од Берта Китинска

Пехчево и Валандово се два македонски града кои немаат ниту еден активен случај на Ковид 19. Досега во овие два македонски града се регистрирани по 6 позитини лица, но активни преносители на коронавирусот нема.

Од министерството за здравство денеска информира дека R0 факторот на преносливост на вирусот покажува позитивен тренд на намалување, кој изнесува 0,9, а во континуитет речиси еден месец е околу 1.

ИЈЗ известува дека во дадениот период се направени вкупно 9.709 тестирања (146 повеќе од периодот 20–26 јули) и регистрирани се 912 позитивни случаи на Ковид-19, што е за 4,6% помалку од претходната недела. Во периодот на известување благо намалување има и во проценотот на позитивни од тестирани случаи, кој изнесува 9,4% (претходната недела 10% од тестираните беа позитивни).

Новозаболени се регистрирани во 28 града, при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (27,9% – бележи благо намалување три недели по ред), во Штип (12,2%) и во Гостивар (11,2%). Во 19 градови во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20. Во однос на старосната структура на новозаболените во овој период најголем процент се лица над 60 години – 22,9%, а поголем број заболени се регистрира и кај лицата на возраст меѓу 30-39 години – 19,4%.Во возрасната група 40-49 години се 17,9% од новозаболените, а во групата 50-59 години – 17,8%. Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 години – 3,1% и 10-19 години 5,0%. Од случаите кои се епидемиолошки истражени се хоспитализирани 136 лица или 15,7%, а кај 277 лица или кај 32,2% регистрирано е присуство на коморбидитети.

Слични содржини