Пејачката горда на своите облини: “Нема повеќе диета, горда сум со своето тело”

од desk2
76 прегледи

Поп ѕвездата Деми Ловато со години води битка со болеста булимија. Иако оваа болест ѝ остави трајни последици на нејзиното здравје, пејачката конечно успеала да го прифати своето тело и да биде повеќе склона кон здравите навики.

Американската пејачка Деми Ловато објавила на својот Инстаграм профил фотографија на која ги покажува своите убаво обликувани облини, а потоа објасна како го доживува своето тело.

“Овие се, како што јас ги нарекувам, бутовите пради кои повеќе нема да бидам никогаш на диета. Јас сум горда на нив”, гласеше пораката.

https://instagram.com/p/Bff0MOYBvzb/?utm_source=ig_embed

 

Нејзините фанови и следбеници со воодушевување ја искоментирале фотографијата, велејќи дека нејзините облини се прекрасни, дека е преубава и дека треба да продолжи така да размислува”.


Инаку, во јануари оваа година Деми во едно интервју го откри целиот процес на заздравување од болеста:

“Учам да го сакам своето тело, а тоа е животен предизвик. Лекувањето од нарушена исхрана е најдоброто патување за мене. Престанав со диета и додадов некој килограм, но сега сум пресреќна затоа што не си ускратувам одредена храна и не се срамам од тоа”, истакна пејачката.