Во овој момент беснеат повеќе од 50 пожари во Грција , јавуваат локалните медиуми.

Балканскиот регион пак е покриена со афрички топлотни бранови, суша и силен ветер.
Повеќе од 450 пожарникари и 23 авиони се мобилизирани за борба против пожарот.
Особено голем е еден пожар на островот Елафонизос, јужен Пелопонез и два во близина на Маратон, во близина на главниот град Атина.
Маратонот се наоѓа во близина на одморалиштето Мати, каде минатата година загинаа 102 лица во најсмртоносен пожар во грчката историја.