Пелоси го обвинува Трамп за уцена (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
337 прегледи

Претседавачот со Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за уцена во скандалот со Украина, што тој, како што таа вели, веќе и самиот го призна.

-Да се даде или скрати воена помош во замена за јавна изјава за лажна истрага е поткуп, рече Пелоси еден ден по првото јавно сослушување во истрагата за импичмент на Трамп.

„Претседаелот го призна разговорот и кажа дека тој бил совршен, Јас велам дека бил совршено погрешен, тоа е уцена“, рече Пелоси.

Демократите сакаат да утврдат дали Трамп ја злоупотребил својата моќ кога ја задржал воената помош за Украина во вредност од 391 милиони долари за да изврши притисок врз претседателот на оваа земја Володомир Зеленски да спроведе истрага против својот политички ривал Џо Бајден и неговиот син.

Трамп ги отфрла обвинувањата дека во разговорот со Зеленски барал услуга за услуга и својот телефонски разговор од 25 јули го опиша како „совршен“.

Слични содржини