225
Претседателот Стево Пендаровски на социјалните мрежи објави дека ако Собранието не се состане, тој ќе се обрати до јавноста во врска со барањето на Владата за прогласување на вонредна состојба.
„Во моментов имам информација дека предлогот на Владата на РСМ за прогласување на вонредна состојба се подготвува и треба да биде доставен до Собранието. Доколку Собранието не се состане, претседателот на Собранието ќе го достави предлогот до мене, по што ќе се обратам до јавноста“, пишува Пендаровски.
Претходно, премиерот Оливер Спасовски на прес конференција истакна дека е испратено барање до Собранието за прогласување на вонредна состојба, која ако не може Собранието, ќе треба да ја прогласи претседателот Пендаровски.