Пендаровски до ЕУ: Немојте веќе да ни го правите ова како со Грција и Бугарија, дајте да разговараме за европски критериуми

од Симе Стоиков

Потребен е нов политички реализам во односите со ЕУ, вели кандидатот за претседател Стево Пендаровски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Пендаровски во емисијата ја објасни својата заложба која се наоѓа во неговата програма.

„Тоа во пракса значи немојте повеќе да ни го правите ова како со Грција и Бугарија, дајте да разговараме за европски критериуми, за владеење на право, борба против корупција, професионална администрација, слобода на медиуми и човекови права. И ние и другите земји од Балканот предолго чекаме, со овој статус сме практично 20 години заглавени, почнува една конференција и толку, се завршува“ изјави Пендаровски.

Кандидатот за претседател го пофали Планот за раст на земјите од Западен Балкан и повика на поголема ангажираност, за да се зголеми искористеноста на европските фондови, додавајќи дека тие средства ќе помогнат за унапредување на инфраструкурата, земјоделството, енергетиката…

Слични содржини