Пендаровски го осуди нападот на бугарскиот клуб во Охрид

од Nikola Popovski

Претседателот Стево Пендаровски го осуди вчерашниот напад со огнено оружје на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

Пендаровски очекува надлежните институции да спроведат брза и детална истрага, преземање на сите мерки, со цел расчистување на случајот и одговорност за сторителите.

Македонската амбасадорка во Софија, Агнеза Руси-Поповска денеска ќе биде повикана во Министерството за надворешни работи на Бугарија и ќе ѝ биде врачена протестна нота по повод вооружениот напад на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Ова се наведува во ставот на бугарското Министерството за надворешни работи, објавен на веб-страницата на ресорот.

Бугарското МНР очекува надлежните органи во Република Северна Македонија во најкраток можен рок да преземат активности за откривање и изведба на сторителите на злосторството врз бугарскиот клуб.

Слични содржини