Пендаровски: И да има вонредна состојба, сигурно нема да има полициски час

од Aleksandar Todeski
314 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски на прес конференција посочи дека нема место за паника, ниту пак смета дека има потреба за вонредна состојба во моментов.

„Советот на безбедност ја има функцијата, и ќе донесе одлуки. И да има вонредна состојба, нема да има полициски час сигурно. Она што е сигурно е дека парламентот не владее, владее владата со уредби. Таа состојба трае 30 дена и може да се продолжи во зависност од тоа. Владата си владее, и претседателот си има свои обврски. Можеби ќе се оди на варијанта, кризна состојба на целата територија. Клучот за справување со ептидемијата е да се почитуваат препораките максимално и да бидеме крајно сериозни“, рече Пендаровски.

Според него, крајно неодговорно е да се оди на кафе после мерките и препораките, посочувајќи дека сите граѓани мора да бидат целосно одговорни и кон себе и кон своите семејства.

„Нема место за паника, но не можеме да одиме во друга крајност. Крајно неодговорно е да одите на кафе после ова, тоа е крајно неодговорно. Не велам дека тоа ќе го нема со полициски час, но сепак тоа е крајно неодговорно“, истакна претседателот Пендаровски.

 

Слични содржини