Пендаровски и Вучиќ заедно ја поздравија одлуката на СПЦ за автокефалност на МПЦ

од Nikola Popovski
220 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски објави дека имал кратка средб со српскиот претседател Александар Вучиќ, на која заеднички ја поздравиле денешната одлука на СПЦ за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА.

-Со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ на кратка средба во Давос заеднички ја поздравивме одлуката на СПЦ за прифаќање на автокефалноста на МПЦ – ОА, како чекор во вистинска насока, истакна Пендаровски.

Поглаварот на Српската православна црква (СПЦ), патријархот Пофириј, на богослужба во Скопје рече дека Собранието на СПЦ „едногласно и одобри“ автокефалност на Македонската православна црква – Охридската архиепископија (МПЦ-ОА).

„Воедно, должност на мене и на Архиепископот Стефан и на нашите синоди беше заедно да ги разработиме техничките и организациски детали, а потоа свеченото прогласување ќе биде официјален чин“, рече патријархот Порфириј, говор што беше проследен со голем аплауз во Соборниот храм во Скопје.