Пендаровски изрази најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во катастрофалниот земјотрес во Турција

од Nikola Popovski
117 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски изрази длабоко жалење и сочувство до семејствата на сите настрадани од катастрофалниот земјотрес што ја погоди Турција.

-Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите, претседателот Реџеп Таип Ердоган и турскиот народ во овие тешки мигови по страшниот земјотрес што ја погоди Туркије. На повредените им посакувам брзо закрепнување, објави претседателот.

Земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер рано утринава ја погоди јужна Турција. Според првите податоци, се почувствувал во голем дел од земјата, како и во повеќе земји од регионот, меѓу кои и соседна Сирија.

Според американскиот сеизмолошки завод USGS, катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтер се случил во 04:17 часот по локално време на длабочина од приближно 17,9 километри.

Турските власти објавија дека досега се потврдени повеќе од 200 смртни случаи, а сириските државни медиуми наведуваат дека во таа земја животот го загубиле над сто луѓе. Се стравува дека бројот на загинати би можел да се зголеми во наредните часови.

Слични содржини