Пендаровски ја врачи Големата годишна награда за архитектура за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2023

од Nikola Popovski

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер ја врачи Големата годишна награда за архитектура за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2023 година на авторите Миа Шириќ, Дејан Секуловски, Илија Божиновски и соработниците Саше Нешиќ и Катина Сутоглу од Студио Синдикат за проектот Изложбено-дистрибутивен центар со магацин Балканија, Визбегово – Скопје. Големата годишна награда ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија, под покровителство на  претседателот Пендаровски.

Големата годишна награда ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија, под покровителство на претседателот Пендаровски.

Претседателот меѓу другото порача дека со доделувањето на Големата годишна награда, каде што се презентираат највредните архитектонските остварувања во тековната година, како и со своите останати активности, Асоцијацијата на архитекти придонесува за промоција на македонската архитектура и за соодветно, јавно вреднување на дострелите на македонските архитекти.

Слични содржини