Во однос на најавите за нов пристап од страна на бугарските власти во однос на спорот со Македонија, претседателот Стево Пендаровки сепак е претпазлив.
-Не би требало да се бавиме со изјави кои доаѓаат од луѓе кои во тој момент се кандидари на избори. Тоа се луѓе кои се уште немаат целосен политички легитимитет или се кандидати кои трееба допрва да станат членови на власта. Јас сум претпазлив реалист. Толкму многу пати се изгоревме, чекајќи од Софија да се дигна блокадата, па затоа би почекал за да видиме со кого ќе разговараме во понатамошниот период, изјави Пендаровски на новинарско прашање, на заедничката прес-конференција со полскиот претседател Анджеј Дуда во претседателската вила на „Водно“.