Пендаровски: Јас сум за „Отворен Балкан“, но доколку остане во овие рамки

од Nikola Popovski
218 прегледи

Премиерот Зоран Заев е зафатен со примопредавањето на кормилото во партијата и владата и претпоставувам дека не ги следи целокупните политички изјави до крај и дека нема време. Последниот пасус во неговата изјава не е типичен и сметам дека некој од неговите ПР стратези и советници му сугерирале таква небулоза во соопштението дека претседателот работи против интересите на граѓаните, вели претседателот Стево Пендаровски во гостувањето на емисијата „Топ тема“, како реакција на денешната изјава на Заев во однос на ставовите за иницијативата „Отворен Балкан“.

Пендаровски информира дека уште во 2019 година на лидерската средба му кажал на Заев дека „ако иницијативата е замислена како компензација на полноправно членство во ЕУ, никој нема да биде за неа“.

-Ако е замислена за реставрација на Југославија, многу од регионот, вклучително и јас, ќе бидат против. Тоа му кажа. Заев нѐ убеди дека во тој момент, основачките документи на Отворен Балкан, но и до ден денешен, не зборуваат за нова Југославија, ниту за алтернатива на ЕУ, туку само за полесно поминување на границите. После мојата вчерашна посета на нашиот северен сосед, косовските медиуми го претставија тоа како Пендаровски е против Отворен Блакан, а нашите медиуми велат дека не знаат зошто претседателот го променил ставот. Да бидам јасен, јас сум за иницијативата, ако остане во овие рамки.

Слични содржини