319
Претседателот Стево Пендаровски во 14 часот ќе прогласи вонредна состојба, потврдуваат извори на „Локално“. Според информациите до кои дојдовме, тој нема да има класична изјава, а обраќањето ќе биде пренесувано од јавниот сервис во живо.
Во 14 часот прес конференција е закажана и на премиерот Оливер Спасовски и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
А.Т.