Пендаровски ќе се обрати на COP28

од Vladimir Zorba
260 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски на 29 ноември 2023 година отпатува во Обединетите Арапски Емирати да учествува на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28. Вчеравечер на 30 ноември 2023 година беше оддржан официјалниот прием, а денеска и утре, 1 и 2 декември 2023 година се одржува Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28.

Претседателот Пендаровски денеска ќе се обрати на Сегментот на високо ниво за шефовите на држави или влади, чие одржување е предвидено од 11:00 до 15:00 часот по македонско време.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари повеќе билатерални средби за време на учеството на Конференцијата на Обединетите нации за климатските промени – COP28.

Слични содржини