Пендаровски кон Сасоли: Наш клучен приоритет е одржување на првата меѓувладина конференција во најскоро време

од Vladimir Zorba

Претседателот на РСМ, Стево Пендаровски на средбата со претседателот на Европскиот Парламент, Давиде Сасоли разменил мислења и информации за напредокот на Северна Македонија во клучните реформски области во контекст на евроинтеграцискиот процес, како и за актуелните предизвици наметнати од пандемијата на Ковид-19.

Двајцата соговорници ја нагласија исклучително важната континуирана комуникација на нашите институции со Европскиот Парламент со што се воспоставуваат цврсти основи за значителен напредок во спроведувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација, како и процесот на интеграција и пристапување во Европската Унија.

Изразувајќи задоволство од силната и принципиелна поддршка на ЕП во таа насока, претседателот Пендаровски истакна дека усвојувањето на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција во најскоро време, е наш клучен приоритет.

Слични содржини