Пендаровски на божиќен ручек кај г.г. Стефан: Да се насочиме кон она што не обединува, а не она што не разликува

од Nikola Popovski

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска присуствуваше на божиќниот ручек, што го приреди поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан по повод божикните празници и неговиот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан.

Претседателот Пендаровски, како што соопштија од неговиот Кабинет, порачал дека празничната топлина треба да инспирира за споделување мир, љубов и разбирање во текот на целата година.

– Да се насочиме кон она што не обединува, а не она што не разликува и сите заедно да придонесуваме кон градењето заедништво, солидарност, меѓусебно почитување и напредок на општеството, истакнал Пендаровски.

На божиќниот ручек што традиционално се приредува во резиденцијата на архиепископот присуствуваа и претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на Владата Оливер Спасовски, како и членови на Светиот синод на МПЦ-ОА.

Слични содржини