Пендаровски: Нам никогаш нема да не чуете како бараме 61 пратеник за да не сме уценувани од Албанците, ние сме еднакви за сите

од Vladimir Zorba
219 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски на граѓанскиот митинг во Тетово одговарајќи на новинарско прашање рече дека ниту една партија освен ВМРО-ДПМНЕ не барала 61 пратеник за да не биде уценувана од Албанците.

„Тоа нема да го чуете од мене, јас не барам бројка за да не ме уценува некоја етничка заедница. Албанците се еднакви со сите нас, зошто би барал бројка на гласови за после да не ме уценува било која друга етничка припадност?“ запраша Пендаровски.

Претседателот додаде дека тој е еднаков за сите, но во опозициската партија не се, и токму затоа бараат 61 пратеник.

„Што им е целта? Да доминираат врз другите? Македонија е можно да е стабилна и просперитетна само и само ако сите се чувствуваме рамноправни, а не некој да биде газда, друг потстанар“ рече Пендаровски.

Слични содржини