Пендаровски не го разбира барањето на ВМРО-ДПМНЕ за референдум, опозицијата вели дека ретерира

од Берта Китинска

Стево Пендаровски веќе сериозно го има совладано синдромот на ретерирање, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, по вчерашната изјава на претседателот Стево Пендаровски во која кажа дека нема никакво разбирање на барањето на Мицкоски за референдум.

-Ретерирајќи од референдум, за кој што и самиот Пендаровски се изјасни дека треба да има референдум со чесна формулација, кој треба го поддржат сите политички партии, Стево Пендаровски покажа дека или нема политички капацитет да има сопствен став на кој што ќе опстои цело време или пак Ковачевски и Зоран Заев сериозно го имаат притиснато и му имаат покажано дека тој е само нивни пиун кој го манипулираат и управуваат како сакаат од Владата, посочуваат од опозицијата.

Пендаровски вечерва кажа дека станува збор за манипулација која Христијан Мицкоски ја прави, како што кажа, прилично неочекувано.

-Верувате дека човекот кој ги правеше на крај заедно со неколкумина други тие ревизии кои беа неопходни за францускиот предлог да помине, човекот кој стоеше зад Преспанскиот договор, човекот кој беше за Рамковскиот договор, човекот кој никогаш не го оспори Бугарскиот договор од 2017 верувате дека може сега а каже дајте сега референдум за овие работи? Па, јас ги работев овие сите тие документи заедно со многу дгуги. Францускиот предлог на крај со Макрон директно за две-три точки заедно го работев. И сега јас да барам референдум за тоа?,вели Пендаровски

Слични содржини