Пендаровски: Ниту една земја или државник не го поддржува бугарското вето

од Nikola Popovski

„Информациите коишто ги имаме од Брисел велат дека ниту една земја или државник не го поддржува ветото од официјална Софија, за старт на отпочнување на преговорите на Северна Македонија со ЕУ“, изјави. претседателот Стево Пендаровски за емисијата „Трилинг“.

Сепак за жал, тој не смета постојат реални шанси да попушти Република Бугарија и оваа година да се оддржи првата меѓувладина конференција меѓу нашата земја и Унијата.

Според него, Договорот за добрососедство не создава правна основа за блокирање.

„Да сме потпишале нешто надвор од тој договор, тогаш би можеле да барате одговорност. Не мора ни да барате, сами ќе си заминеме. Ова што од време на време слушате од бугарска страна дека има некои луѓе, за жал и политичари, дека се до 1945 година е заедничка историја, дека ние немаме засебна македонска историја се разбира е надвор од памет и каков било европски принцип и тоа не стои во Договорот“, изјави вчера претседателот по одржаниот Совет за безбедност.

Слични содржини