Пендаровски: Одложувањето на пописот нема да предизвика штета за никого

од Nikola Popovski

„Ја поздравувам одлуката после вчерашната лидерска средба. Го одобрувам договорот и компромисот што го склучија Заев и Мицкоски за одложување на пописот“, изјави претседателот Стево Пендаровски после денешниот Совет за безбедност.

Тој посочи дека како што предложил пред неколку месеци, доколку ситуацијата со пандемијата не се подобри, одложувањето на пописот нема да предизвика штета за никого.

На денешниот прес, лидерите на овие две опозициони партии, Зијадин Села и Африм Гаши, кажаа дека не се согласуваат со одложувањето на пописот што беше начелно договорено на вчерашната средба на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Заев вчера остави резерва, начелниот договор со политичкиот противник сепак да го претстави и да разговара за него пред коалиционите партнери.

Денеска Гаши рече дека одложувањето на Пописот на населението и домаќинствата е на штета на Албанците во Република Северна Македонија.

Слични содржини