Пендаровски: Пописот не е проценка туку егзактна работа каде пребројуваме глави

од Берта Китинска

Претседателот Стево Пендаровски во гостувањето на  ТВ Клан,   објасни дека нема ништо против уставно во законот за пописот.

-Од аспект на законскиот текст  во врска со законот за попис нема ништо против уставно проблемот , односно политизацијата се случи по изјавата пред законот да се случи. На прес-конференција од големата опозициона партија беше соопштено дека Заев се договорил со Ахмети да има 32 посто Албанци, ваквите изјави може да не допрат до мене, но има лица кои живеат надвор од градот и по овие изјави да бидат иритирани воопшто не знаејќи дека не се точни, во оваа изјава нема логика, бидејќи Уставот од 2001 година вели дека прагот е 20 посто за  Албанците, можам да ја замислам тезата дека тие се договориле да го сменат Уставот и прагот од 20 на 15 посто , а не дека се договориле тоа да биде  баш  сега зголемено на 32. Пописот не е проценка туку егзактна работа каде пребројуваме глави, вели Пендаровски.

Слични содржини