Претседателот Стево Пендаровски за во понеделник во 16 часот закажал седница на Советот за безбедност, а на која ќе се разгледуваат можности за кризна состојба на дел од државата или во целата земја. Не се исклучува и можноста за вонредна состојба, за која тој смета дека во моментов не е потребна.
„Во понеделник во 16 часот закажав седница на Советот за безбедност на која ќе дојде министерот за здравство, да даде отчет до каде се со мерките и што е преземено. Повикан е и началникот на генералштаб, затоа што ако не дај боже затреба, Армијата има што да понуди за стационари. Можно е да се поргласи кризна состојба на дел или на целата територија. Армијата е веќе на услуга или им помага на единицте на МВР и на единиците на локална самоуправа на местата каде не можат да се снајдат. Постои можност да се прогласи кризна состојба поради коронавирусот, бидејќи тоа е закана за националната безбедност. Владата предлага во рок од 30 дена. Третата варијанта, за која сме далеку од прогласувања, е вонредна состојба, член кој никогаш не е активиран и кој ако затреба, ги покрива и овие делови со заразни болести. На седницата во понеделник ќе ги разговараме сите овие варијанти“, рече Пендаровски.
Тој посочи дека по седницата, ќе се знае каква препорака ќе има. Вели, во случај на вонредна состојба, која според него не треба да биде поднесена, според Уставот, ако Собранието не може да се состане, претседателот воведува вонредна состојба.