Претседателот на државата, Стево Пендаровски во врска со Законот за легализација на дивоградбите истакна дека ако пратениците повторно го изгласаат, немам избор освен да го потпишам Законот за легализација на дивоградбите.
-Законот за легализација на дивоградбите е во комплетна надлежност на политичките субјекти во парламентот, прво оние кои се во влада дали имаат волја тоа да го направат да го пуштат повторно во процедура.Според најавите на премиерот и министерот за транспорт и врски .Ако повторно дојде законот кај мене немам намера да не го почитувам Уставот и да изигрувам претседател кој има џебно вето па да не се произнесувам. Ако решат со истиот текст да го усвојат и добие 61 гласа нема избор ќе морам да го потпишам и нема да бидам задоволен, рече Пендаровски.