
Пендаровски изјави дека пријавил во СВР Скопје, но од МВР немаат коментари за пријавата.
-Тоа се структури врзани со една голема опозициска партија, за која имаше во јавноста извештаи дека на дневна основа прави евиденција каде одите вие, јас… Ова денеска е трета или четврта фотографија во низа во последните 10 дена. Тврдам дека станува збор за 24-часовно физично следење на мене, веројатно и на членовите на моето семејство. Дел работат во институциите, дел ги знам по име и по лик, за жал, тоа го прават подолго време кон своите политички опоненти, рече Пендаровски во 1ТВ.
Кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова, пред неколу денови го повика Пендаровски да го пријави случајот во полицијата.