Пендаровски: Против насилството заеднички треба да се бориме секој ден! (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Претседателот Стево Пендаровски по повод #16ДенаАктивизам упати видео порака до граѓаните.

-Сè поголемиот број на жени и деца, жртви на семејно и родово базирано насилство во текот на пандемијата, е последниот сигнал дека е потребен побрз одговор од институциите, сеопфатна стратегија и поддршка на жртвите на насилство.Истовремено, должни сме како луѓе, насилството да го пријавиме и да им помогнеме на жртвите. И не само денеска, на Меѓународниот Ден за борба против насилство врз жените и девојчињата и родово базирано насилство или во следните #16ДенаАктивизам.Против насилството заеднички треба да се бориме секој ден!, вели во својата честитка Пендаровски.

Слични содржини