Пендаровски: Силва ми кажа дека вратата за овој процес не е затворена

од Nikola Popovski

„Нашиот јазик е најважно прашање, од животно значење за нас и не верувам дека постои човек во земјава кој може да оди подалеку од тоа“, вели претседателот Стево Пендаровски, коментирајќи што е главниот проблем во спорот со Бугарија.

Според него, португалскиот министер за надворешни работи, Аугусто Сантош Силва му кажал дека вратата за овој процес не е затворена.

„Не е оптимист, но е искусен политичар и смета дека има простор за решение до 22-ви јуни“, информира Пендаровски и додава дека ако денес Бугарија сака да не пропушти за влез во ЕУ, тоа ќе биде многу продуктивно за нив, отколку да не кочат во европскиот пат.

За информацијата дека македонска и бугарска делегација на 26 мај овој месец со заеднички активности во Рим ќе го слават делото на сесловенските просветители, Пендаровски вели тоа било на покана на бугарскиот претседател Радев.

„Ќе имам разговор без ракавици за спорот што го имаме. Ќе си кажеме некои работи отворено во четири очи, иако тоа не е планот на заедничкото патување“, истакнува Пендаровски.

 

Слични содржини