Пендаровски со поддршка за Богатиновски: Иако има само 12 години, има 7 шампионски титули (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
351 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски изрази поддршка за Петар Богатиновски, кој со победата во Централна Европска Зона – CEZ, е првиот Македонец којшто се квалификуваше за светското првенство во Бахреин во декември годинава.

-Иако има само 12 години, досега Петар Богатиновски освоил 7 шампионски титули. Поддршка за младиот Петар на претстојното Светско првенство во Бахреин, објави Пендаровски.

Картинг шампионот, Петар Богатиновски има желба еден ден да настапува и во светскиот шампионат, а воедно сон на секој картинг возач е да се биде дел од Формула 1.

Пет трофеи, три во српскиот и два во македонскиот шампионат, а исто така дојде и до вицешампионската титула во Централно Европската зона во 2018 година.