Пендаровски со семејството донираше за настраданите во Турција и Сирија

од Nikola Popovski
162 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски заедно со неговото семејство денеска донираа храна, средства за хигиена и облека за настраданите лица од земјотресите во Турција и Сирија.

-Во овие тешки денови, хуманоста и солидарноста што ја покажаа нашите граѓани е за секоја почит, порача претседателот.

Вчера беше соопштено дека Македонија преку донаторските телефонските линии и од Фондот на солидарност на Црвениот крст досега собрала над 16 милиони денари или околу 260 илјади евра како помош за регионите во Турција.

На плоштадот „Макеоднија“ во Скопје има голем пункт каде што граѓаните можат исто така да донираат средства за сите засегнати од земјотресот.

Слични содржини