163
Претседателот на државата, Стево Пендаровски, заедно со својата сопруга пристигна во Лондон.
Тој на својот Фејсбук профил сподели фотографија од потпишувањето во книгата на жалост во Лондон.
„Дојдовме во Лондон за да оддадеме последна почит на Кралицата Елизабета Втора. Голема почит за децениите во служба на народот и за тоа што беше пример за лидерство, скромност и великодушност. Нека почива во мир“, напиша Пендаровски.
Пендаровски сподели и видео на кое се гледа како тој и сопругата оддаваат почит на посмртните останки на Кралицата Елизабета Втора, пред утрешната погребна церемонија во Вестминстерската опатија.