Пендаровски во телефонски разговор со Ван дер Белен го осуди терористичкиот напад во Виена

од Берта Китинска

Претседателот Стево Пендаровски денеска во телефонски разговор со неговиот австриски колега Александeр Ван дер Белен остро го осуди синоќешниот терористички напад во центарот на Виена и изрази жалење за загубените животи во овој насилнички акт, информираат од Кабинетот на шефот на државата.

Пендаровски упатил длабоко сочувство до граѓаните на Австрија, како и до семејствата на жртвите и повредените.

Претседателот на државата изразил подготвеност за сеопфатна соработка во насока на превенција и пресретнување на радикализмот и тероризмот, мотивирани од верскиот фундаментализам.

– Двајцата претседатели оценија дека синоќешниот терористички акт во Виена е напад врз заедничките вредности во кои веруваме и врз нашиот начин на живот, информираа од кабинетот на Пендаровски.

Слични содржини