Пендаровски за преговорите со Софија: Нема отстапки за нашиот идентитет

од Берта Китинска

Претседателот на државата Стево Пендаровски на денешната прес конференција по новинарско прашање, околу тоа дека Бугарија нема да ја блокира Македонија во патот кон ЕУ, но ќе бара Македонија да признае дека идентитетот и јазикот датираат од бугарски корени, јасно посочи дека нема преговори за нашиот идентитет.

-Нема никакви остапки, и не може да има никакви остапки од националните и државните интереси кои подразбираат: Нема преговори за нашиот идентитет“, посочи Пендаровски.

-Тоа е наше чувство и секако преговори за нашиот идентитет не треба да има. Бугарија ја признава реалноста и верувам дека работните групи ќе изнајдат решенија. И очекувам од раководството на Бугарија да направи исчекор. Ги охрабрувам комисиите да продолжат и да ги најдат периодите што не поврзуваат во историјата за да заедно се слава, додаде премиерот Зоран Заев.

Слични содржини