Пендаровски за спорот на Заев со австријците: „Секој амбасадор има право и обврска да си ги штити интересите на својата земја“

од Vladimir Zorba
311 прегледи

„Не станува збор за никакво мешање во нашите внатрешни работи, оти секој амбасадор има легитимно право и обврска да си ги штити интересите на својата земја“.

Вака одговори претседателот на РСМ, Стево Пендаровски а во врска со вчерашното соопштение на австриската амбасада во Скопје, во се вели дека фирма од Австрија не може да си наплати 4,5 милиони евра долг од семејството Заеви.

„И нашите амбасадори кои ја претставуваат нашата држава во странство имаат обврска да ги штитат интересите и на приватните бизниси на нашите граѓани во странство, а не само на институциите“, порача Пендаровски.

Заев преку допис до медиумите вчера најави дека ќе го тужи австрискиот амбасадор Вуцас ако уште еднаш го спомене неговото име во негативна конотација.

„Јас се сметам за пријател на Австрија и за време на мојата одговорност како премиер сум воспоставил одлични пријателски релации и соработка со Австрија. Така што нема да дозволам првиот претставник на Австрија во Северна Македонија со ваква леснотија и без било какви докази и аргументи да го валка моето име. Следното споменување на моето име на ваков начин ќе значи дека ќе треба да се видиме на суд со амбасадорот на Австрија за да покаже и докаже било каква моја инволвираност, во спротивно ќе барам јавно извинување, надомест на штета за нарушени чест и углед и лично ке го известам австриското МНР и Владата на Австрија за ваквиот однос на амбасадорот на Австрија“, стои во реакцијата на Заев.

Слични содржини