Пенелопе Круз и Хавиер Бардем донираа медицинска опрема

од Elena Daskalova

Славните сопружници Пенелопе Круз и Хавиер Бардем објавија дека помогнале на шпанска болница со донирање медицинска опрема во време на коронавирус.

„По неколку дена потрага на разни начини да најдеме, купиме и донираме медицинска опрема, Хавиер и јас конечно успеавме во тоа. Благодарение на компанијата Индитекс успеавме да купиме 100.000 ракавици и 20.000 ФФП2 маски, кои ги дониравме во болницата Ла Паз во Мадрид“, извести Пенелопе.

Таа нагласува дека не запираат тука и дека се надеваат дека наскоро ќе успеат да набават и други материјали и опрема кои им се потребни на лекарите кои се во првиот ред борци со оваа пандемија, а планираат својата акција да ја прошират на повеќе болници. Сепак, сето тоа зависи од условите за набавка на материјалите.

Слични содржини