Пензии пред празници

од Берта Китинска

Исплатата на пензиите за месец април 2021 ќе започне  од 26.04.2021 година.

Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички ќе се оствари во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.04.2021 година (понеделник);

За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.04.2021 година (вторник);

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.04.2021 година (среда); и

За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29.04.2021 година (четврток), со што сите корисници на пензии ќе ги добијат своите средства пред првомајските и велигденските празници.

Слични содржини