Пензионер фатен дома со пушка и пиштол

од Nikola Popovski
34 прегледи

Беровската полиција денеска информира дека поднела кривична пријава против М.П.(81) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

-На 23.10.2024 полициски службеници извршиле претрес со судска наредба во дом и помошни простории кај пријавениот, при што биле пронајдени и одземени една воздушна пушка „Црвена Застава“ калибар 4.5 мм, еден пиштол „Ерма Верке“, куршуми со различен калибар и 160 дијаболи за воздушна пушка калибар 4.5 мм, за кои не поседувал дозвола, стои во најновиот полициски билтен.

Слични содржини