Пензионер од Италија залудно се жалел поради дупка на патот: Сам ја поправил и добил парична казна

од desk4

За својата постапка пензионерот Клаудио Трента доби голема поддршка од Италијанците

Пензионерот Клаудио Трента од Барласина, во провинцијата Монца, решил сам да ја поправи дупката. Тоа е дупка длабока 30 сантиметри на средината на пешачкиот премин. Поради ова е казнет со 882 евра, а казната е за 200 евра помала доколку ја плати во рок од пет дена од известувањето.

Проблемот со дупката пензионерот им го посочил на локалните власти, но тие не реагирале. Тој добил и дописи од полицијата дека е обвинет за кршење на сообраќајните закони, а причина за казната е вршење потенцијално опасна работа на јавен простор без дозвола. Трента за „Кориере дела сера“ објасни дека три месеци испраќал слики од дупката и барање за поправка на електронските адреси на општината, техничката канцеларија и полицијата, но никогаш немало одговор.

Мислеше дека силните слики ќе помогнат да се забрза поправката, но по една недела дупките сè уште не беа поправени. Трента поради своите постапки доби голема поддршка од Италијанците. Накратко прокоментира и дека нема да ја плати оваа казна бидејќи ја затворил дупката која била проблем, односно не е виновен за нередот на патот.

Слични содржини