1,K
Пензионер загинал откако паднал од дрво додека собирал костени, информираа од полицијата. Според СВР Тетово, на 06.10.2024 од болницата во Дебар било пријавено дека кај нив бил донесен починат Ј.А.(67) од с.Скудриње, општина Маврово и Ростуше.
Според пријавеното, тој паднал од дрво и починал додека со неговата невенчана сопруга Џ.Б.(53) од Република Албанија собирале костени.
Откако бил однесен во болницата, Џ.Б. ја напуштила болницата и во 17.10 часот била лишена од слобода на граничниот премин Џепиште во обид да ја напушти државата.
Сопругата била задржана во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.