На најстарите граѓани на Србија им е забрането да ги напуштат своите станови заради вонредна состојба.
За нив, полицискиот час важи 24 часа на ден.

Во таква ситуација, пензионерите на многу начини се обидуваат да ги исполнат своите желби, како и потребите на нивните миленичиња.
Една жена од Белград смисли оригинален начин да прошета куче.
Снимките на госпоѓата која од тераса на каиш го држи своето милениче стана хит на Интернет.
Посебно интересен е начинот на кој кучето го враќа дома.
За среќа, живее на приземје…