Актуелниот европски шампион Реал Мадрид ќе го прекрши џентлеменскиот договор со градскиот ривал Атлетико Мадрид, бидејќи сака да ја активира клаузулата и да го откупи договорот на Тео Ернандес, пишува „Марка“.
Реал е подготвен да одвои 24 милиони евра за Ернандез и да го прекрши непишано правило на двата мадридски клубови кои се однесуваше на неангажирање играчи од спротивниот табор.
Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез на таков потег чекаше 17 години, кога Сантијаго Солари од Атлетико Мадрид прејде во градскиот ривал, нешто што беше првиот трансфер во неговиот прв претседателски мандат.
Ернандез му беше позајмен на Алавес и по одличните партии веќе беше видено неговот враќање на „Висенте Калдерон“, но по се изгледа тој ќе заврши во соседниот клуб на „Сантијаго Бернабеу“.
Реал подготвил шестгодишен договор за францускиот лев бек и сега останува на играчот да се изјасни дали тој ќе ја прифати понудата на 11-кратниот европски првак и освојувачот на 32 трофеја од шпанската Примера.