Перо Камиказа најави кандидатура за градоначалник на Скопје

од Берта Китинска
296 прегледи

Познатиот басист на групата „Меморија“,   Петар Георгиевски – Камиказа на својот фејсбук профил објави статус со кој најави дека размислува да се кандидира за градоначалник на Град Скопје.

„ Помина извесно време и еве со вас ги споделувам согледувањата од неколкуте анкети кои го кажуваат следното: Скоро во сите општини со мнозинско македонско население разликата помеѓу мене и Петре Шилегов е речиси дупла во моја корист, но во немакедонското население скоро во целост односно 93% оди во корист на Петре Шилегов.Доколку вашата поддршка остане за мене како независен кандидат поддржан од ЛЕВИЦА со радост ќе го прифатам овој предизвик во кој ќе си ги жртвувам сопствениот мир и спокој . Ете тоа е она што сакав да ви го соопштам пред два дена. За жал друго решеније нема, ова е единствено“, пишува Георгиевски.

Слични содржини