Пешачките зебри “оживеаја“ во Франција

од Vladimir Zorba
254 прегледи

Иако неконвенционалните пешачки премини на улиците допрва треба да се популаризираат, нив ги има во Франција со години. Уличен уметник го менува централното градско подрачје на неколку француски градови, создавајќи уникатни зебри. Тој додава цртани ликови во различни бои на обичните бели линии, давајќи им “нов живот”. Некои од зебрите на уметникот со прекарот OakOak имаат емоции – тие се смеат, плачат, се намуртени.

Иако тие се сосема различни од графички аспект, насликаните зебри добро се примени од страна на Французите. “Сакам да одам на нив, да одам и да се смеам”, изјави жител на Париз за Боредпанда.

Францускиот уметник израснал во Сент Етјен, каде започнал да работи во 2006 година. Тој соработувал со колеги од Италија, Германија и Велика Британија за поголеми проекти. Освен цртање пешачки патеки, тој прави различни 3D цртежи во разни урбани области. Како и графити. Со нив ги смени здодевните француски пешачки премини. Постои место каде што се продаваат многу од неговите дела врамени.

Повеќе слики од нестандардни пешачки патеки на Французинот погледнете во нашата галерија.