Песков: За Молдавија е подобро да се стреми кон добри односи со Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Подобро е Молдавија да се стреми кон добри односи со Русија, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ја изјавата на молдавската претседателка Маја Санду дека земјата мора да ја зајакне својата армија поради заканата од Русија.

„Молдавија не треба да гледа никаква закана во Русија. Ова е апсурдно“, рече Песков, додавајќи дека добрите односи со Русија и взаемното почитување меѓу двете земји се во интерес на Молдавија, пренесува ТАСС.

Тој, исто така, посочи дека Русија ќе ги продолжи контактите со „европските колеги“ во врска со испораката на стоки во регионот Калининград.

„Работата и контактите ќе продолжат во секој случај, бидејќи има уште неколку прашања на кои треба да се одговори во текот на дијалогот“, одговори Песков на прашањето дали Кремљ има намера да побара проблемот конечно да се реши, пренесува руската агенција.

Слични содржини